1

Редовен административен надзор врз радијата Роса-АБ, Зона М-1, Скај Радио, ЕФ-ЕМ 90.3-Спортско Радио и РА РФМ

Скопје, 24 јуни 2022г. – За законските обврски коишто се однесуваат на објава на импресум, информации коишто треба да се направат достапни до корисниците и обврските за идентификација на радиодифузер, редовен административен надзор е извршен врз пет радиопрограмски сервиси на регионално ниво Роса-АБ,  Зона М-1, Скај Радио, ЕФ-ЕМ 90.3-Спортско Радио и РА РФМ.

При надзорите не се констатирани прекршувања на обврските од ЗААВМУ и Законот за медиуми.

Извештаите се достапни на следните линкови:

Роса-АБ (член 14 Закон за медиуми, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 24.06.2022

Зона М-1 (член 14 Закон за медиуми, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 24.06.2022

Скај Радио (член 14 Закон за медиуми, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 24.06.2022

ЕФ-ЕМ 90.3-Спортско Радио (член 14 Закон за медиуми, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 24.06.2022

РА РФМ (член 14 Закон за медиуми, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 24.06.2022

 




Контролен програмски и административен надзор врз ТВ Алсат-М и Г-ТВ Телевизија

Скопје, 24 јуни 2022 година – Агенцијата изврши контролен административен надзор врз ТВ Алсат-М за обврската за објава на импресум и контролен програмски надзор врз Г-ТВ Телевизија од Гостивар за обврската за употрeба на јазикот во програмата за да утврди дали радиодифузерите постапиле по упатените Решенија за преземање меркa јавна опомена.

При надзорите не се констатирани прекршувања.

Извештаите се достапни на следните линкови:

ТВ Алсат-М (член 14 од Законот за медиуми) – 24.06.2022

Г-ТВ Телевизија – (член 64 став 1 од ЗААВМУ) – 24.06.2022




Претставници на ОБСЕ/ОДИХР во работна посета на АВМУ

Скопје, 23 јуни 2022  – Делегација на ОБСЕ/ОДИХР денеска беше во работна посета на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на која се дискутираше за согледувањата нотирани во конечниот извештај на набљудувачката мисија за Локалните избори 2021 година и препораките кои произлегоа од него.

Меѓу другото, акцент беше ставен на финансирањето на кампањата, обезбедување пристап до програмите на радиодифузерите на лицата со сетилна попреченост и бројните недоследности во изборната законска рамка.

Од страна на Агенцијата беа споделени и искуствата од спроведениот мониторингот на изборното известување на радиодифузерите, а се разговараше и за предлозите за измена и подобрување на изборната регулатива.




Сопственоста на медиумите во 2022 година

Скопје, 17 јуни 2022 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја изработи публикацијата за сопственоста на медиумите во 2022 година, со цел да обезбеди поголема транспарентност на сопственоста на медиумите, притоа користејќи официјални податоци за сопственичката структура на радиодифузерите од Централниот регистар на РС Македонија, а за издавачите на печатени медиуми и податоци од објавите во дневен весник коишто тие ги извршиле во рамки на исполнувањето на законската обврска да обезбедат јавност во работењето.

Во оваа публикација, четврта по ред од ваков вид, во засебни делови се претставени податоците за сопствениците на телевизиите и радиостаниците, како и на издавачите на печатените медиуми во 2022 година.




Податоци за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици за периодот јануари-мај 2022 година

Скопје, 17.06.2022г. – За потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги беше изработено истражување за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици,  за периодот јануари – мај 2022 година.

Податоците се добиени со истражување на јавното мислење и се однесуваат на: просечниот дневен и неделен досег на слушаноста на радиостаниците и на гледаноста на телевизиите; периодот од денот во кој испитаниците слушале радио/гледале телевизија; видот на програмската содржина што ја слушале/гледале во претходниот ден; учеството во вкупната гледаност за претходниот ден, и тоа удел во гледаноста на територијата на која телевизиите емитуваат програма и удел во вкупната гледаност; просечниот дневен и неделен досег на странските телевизии и др.




ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВА НА ПОКАНИ – ТВ ГУРРА

Скопје, 16 јуни 2022г. –  Врз основа на член 56 став 1 и став 5 од Законот за прекршоците („Службен весник на Република Македонија“ бр.96/19), а во врска со член 6 став 1 алинеја 4 и член 23 став 1 алинеја 2 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги („Службен весник на Република Македонија“ бр.184/13, 13/14, 44/14, 101/14, 132/14, 142/16, 132/17, 168/18, 248/18 и 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.42/20 и 77/21),  Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, врши:

 ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВА НА ПОКАНИ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Агенцијата) му соопштува на физичкото лице Салиф Ризај од Кичево, со адреса на живеење во с.Трапчин Дол, Кичево како одговорно лице на програмата во правното лице, Трговско радиодифузно друштво ТВ ГУРРА ДООЕЛ Кичево, дека има подготвено Покани наш арх.бр.03-2145/3 од 27.05.2022 година и наш арх.бр.03-2146/3 од 27.05.2022 година за спроведување постапки за порамнување, за кои во два наврати (на ден 27.05.2022 година и на ден 07.06.2022 година), Агенцијата не успеа да му изврши уредна достава (писмената во два наврати се вратија од А.Д. Пошта на Северна Македонија со назнака „иселен“).

– Се повикува физичкото лице Салиф Ризај од Кичево и адреса на живеење во с.Трапчин Дол, Кичево, во својство на странка (одговорно лице на програмата во правното лице) во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето, да се јави во просториите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со седиште на ул. „Македонија“ бр.38, Палата Панко Брашнаров 1000 Скопје, за прием на горенаведените покани заради спроведување постапки за порамнување, секој работен ден од 8:00 часот до 16:00 часот.

– Оваа достава на покани со јавна објава на веб страницата на Агенцијата, ќе се смета за уредно доставување на писменото, согласно член 56 став 5 од Законот за прекршоците („Службен весник на Република Македонија“ бр.96/19).

Јавната објава за достава на покани е достапна на следниот линк




Вонреден административен надзор по службена должност врз РА Лав

Скопје, 16 јуни 2022г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по службена должност изврши вонреден административен надзор  врз Радио Лав од Охрид.

Со вонредниот администртативен надзор е констатирано дека Радио Лав, престанало со емитување на радио програмскиот сервис повеќе од 30 дена порадии, технички, финансиски или други причини, што претставува основ за одземање на дозволата за радио емитување, согласно член 82 став 1 алинеја 2 од ЗААВМУ.

Извештајот е достапен на следниот линк:

 РА Лав – (член 82 став 1 алинеја 2 од ЗААВМУ) – 16.06.2022




Редовен административен надзор врз 18 издавачи на печатени медиуми

Скопје, 16 јуни 2022г. – Агенцијата спроведе редовен административен надзор врз Репро Принт издавач на „Нова Македонија“, Слободен Печат издавач на „Слободен Печат“, Вечер Прес издавач на „Вечер“, Коха Продуцтион издавач на „Коха“, Каптал Медиа Груп издавач на „Капитал“, Медиа Плус Фокус издавач на „Фокус“, Медиа Прес ВМ издавач на „Битолски Весник“, Јени балкан издавач на „Бахче”, АТВ Медиа Компани издавач на „Лајм“, Еуро-Мак Компани издавач на „Економија и Бизнис“,  Антиќ медиа издавач на „Портрет”, Медиум Боја 43 издавач на „Штипски Глас“, Колор медиа плус издавач на „Убавина и здравје” и „Руски доктор”, Биро Прес издавач на „Порта 3“,  Визиони М издавач на „Шења“, Зенит Прес Плус издавач на „Зенит“, Паблик „Лице в лице“ и Кликер маркетинг издавач на „Instore” со цел да констатира дали истите објавиле податоци за назив и адреса на седиштето и уредништвото на печатениот медиум, податоци за одговорното лице, уредниците, печатницата, датум на печатење или препечатување и број на печатени примероци, согласно обврската од Законот за медиуми.

Со надзорот е констатирано дека печатените медиуми опфатени со надзорот ја исполниле оваа обврска.

Извештајот е достапен на линкот:

Општ извештај –  (член 14 став 1 од Законот за медиуми) – 16.06.2022




Редовен програмски надзор врз давателот на АВМУ по барање Неотел

Скопје, 15 јуни 2022 – За обврските коишто се однесуваат на пренесување на кинематографски дела, заштита на малолетните лица и промоција на производство и пристап до европски дела, извршен е редовен програмски надзор врз  давателот на АВМУ по барање Неотел од Скопје.

Со извршениот програмски надзор не се констатирани прекршувања.

Извештајот е достапен на следниот линк:

Неотел – (член 49, член 50 и член 60 од ЗААВМУ) – 15.06.2022




Редовен програмски надзор врз операторите Мтел и Тотал ТВ

Скопје – 15 јуни 2022г. – За обврската на операторите на ЈЕКМ во програмскиот пакет којшто го реемитуваат задолжително и бесплатно да ги обезбедат програмските сервиси на јавниот радиодифузен сервис, како и за обврските за регистрација на програмски сервиси во Агенцијата и титлување на програмите коишто ги реемитуваат, извршен е редовен програмски надзор врз операторите Мтел и Тотал ТВ.

При надзорот не се констатирани прекршувања на обврските од ЗААВМУ.

Извештаите се достапни наследните линкови:

Тотал ТВ – (член 64 став 2 и член 141 став 13 од ЗААВМУ) – 15.06.2022

Мтел – (член 64 став 2 и член 141 став 13 од ЗААВМУ) – 15.06.2022

Мтел – (член 143 став 3 од ЗААВМУ) – 15.06.2022