Сите материјали поврзани со мониторингот на изборното медиумско претставување на радиодифузерите
се достапни во банерот „Избори 2024“.

 

Билатерална средба на АВМУ и НКМ во Приштина

Приштина, 22 мај 2024 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Независната комисија за медиуми на Република Косово (НКМ) денеска во Приштина, договорија продлабочување на меѓусебната соработка и зголемена размена на добри практики во областа на медиумската регулација

Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

Скопје, 20 мај 2024 – Поради повторување на гласањето за Парламентарните избори 2024 во седум гласачки места во Изборните единици 5 и 6, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги известува националните радиодифузери и радиодифузерите кои емитуваат програма на подрачјето на Охрид, Крушево, Струга, Долнени и Желино дека за нив важат обврските за изборниот молк, кој почнува од ноќеска на полноќ и ќе трае до 19 часот на 22 мај 2024 година

Вонреден административен надзор врз ТВ Њуз од Куманово

Скопје, 14 мај 2024 – Вонреден административен надзор за исполнувањето на обврските од членот 62 став 6 од ЗААВМУ и член 21 ставови 3 и 4 од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување е извршен врз Телевизија Њуз од Куманово

Изречена мерка јавна опомена на Тотал ТВ

Скопје, 13 мај  2024 – Врз основа на констатации од надзор, Советот на Агенцијата на 21-та седница одржана на 10 мај 2024 донесе Решение за изрекување на мерка јавна опомена за операторот Тотал ТВ од Скопје, заради тоа што во својот програмски пакет ги нема обезбедено програмските сервиси на јавниот радиодифузен сервис

Извештај за платеното политичко рекламирање на радиодифузерите за првиот круг од изборната кампања за Претседателските избори 2024

Скопје, 10 мај 2024 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги согласно обврската од член 76-д став 8 од Изборниот законик, денес до Државната изборна комисија го достави Извештајот за платеното политичко рекламирање (ППР) на радиодифузерите за време на првиот круг од изборната кампања за Претседателските избори, во периодот од 4 до 22 април 2024 година.

Мапа на сајтот



Accessibility

Accessibility